А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЗНМ: Рекламите на партиите во медиумите се ризичен чекор

by А1он13/06/2019 - 15:46479
Share0

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска преку соопштение порача дека рекламите на партиите во медиумите се ризичен чекор, реагирајќи на, како што наведува, рекламирањето во приватните медиуми за работата на Владата во последните две години нарачани и платени со пари на политички партии.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Во последните неколку дена во медиумите се забележуваат видео спотови со кои се врши промоција на проекти кои се реализирани од страна на Владата, a рекламите се плаќаат од партиската сметка на СДСМ. Според законските прописи на политичките партии дозволено им е да промовираат свои кампањи во приватните медиуми, но во време на предизборна политичка кампања. Иако не постои експлицитна забрана за рекламирање надвор од овој период, со оваа негативна пракса може да се влијае на уредувачката политика и на начинот на известување на дел од медиумите, стои во соопштението од ЗНМ.

Во услови кога политичките партии своето финансирање го обезбедуваат и од државниот Буџет, наведуваат од ЗНМ, тие треба да бидат уште поодговорни при трошење на парите во приватните медиуми. Освен ова, истакнува ЗНМ, проблематична е и целта на политичките партии кои се дел од власта, да трошат јавни средства со кои се промовираат одредени владини политики и проекти.

– Оваа пракса со која СДСМ ги промовира проектите на Владата кои биле спроведени во текот на изминатите две години претставува ризичен чекор кој може да има негативни последици врз и така кревката слобода на медиумите и слободата на изразувањето во земјата, што ќе значи повторно назадување на светските индекси за слобода на медиумите, соопшти ЗНМ.

Следете a1on на Youtube YouTube
mediumipartiireklamiznm

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ реагираат: Попречувана новинарка на Телма при известување за инцидентот во Битола

Предраг Петровиќ13/11/2026 - 18:28

Судот во Њујорк забрани финансирање реклами што го величаат Трамп со јавни пари

Горан Наумовски12/10/2026 - 08:03

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:38

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ07/08/2026 - 15:2507/08/2026 - 15:25

МИМ и ЗНМ го претставија новиот Кодекс на новинарите: ВИ може да помогне, но никогаш нема да биде новинар

Катерина Ѓуровски07/07/2026 - 14:18

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

Предраг Петровиќ15/05/2026 - 16:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео