ЗНМ: Истрагата на ОЈО за изборното рекламирање не треба да се сведе на три фирми

Од:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) смета дека истрагата во однос на платеното политичко рекламирање треба да е транспарентна, ефективна и со неселективен пристап.

Основното Јавно Обвинителство информираше дека е отворена истрага за платеното политичко рекламирање од последните избори во дел од он лајн медиумите кои беа пријавени во Државната изборна комисија на последните избори. Според ОЈО и објавите на медиумите за оваа тема, се проверува документацијата во три фирми дали е надминат законскиот лимит од 15 илјади евра за рекламирање во вкупно девет портали каде ВМРО ДПМНЕ се рекламирала.

„Бараме од обвинителството со внимателност да пристапи кон понатамошната истрага со цел да не се создаде впечаток во јавноста дека истрагата е селективна, зошто во регистарот на ДИК имаше пријавено 235 онлајн медиуми со различни уредувачки политики. Освен ова, истрагата треба да е транспарентна и непристрасна со цел да се избегне перцепција дека со вакви активности органите на прогонот сакаат да ги заплашат професионалните онлајн медиуми. Потсетуваме дека пред усвојувањето на Изборниот законик, ЗНМ инсистираше на укинување на праксата на платена политичка пропаганда во медиумите или за појаснување и прецизирање на критериумите, за тоа кои онлајн медиуми можат да се пријават во ДИК за платена политичка програма. Наместо усвојување на нашите препораки, политичките партии со консензус уште повеќе ги намалија критериумите за тоа кои онлајн медиуми можат да се пријават за да земат дел од рекламниот колач на партиите. Речиси половина од медиумите кои беа пријавени во ДИК немаа импресум, а дел немаа ниту основни информации за сопственоста“, велат од ЗНМ.

За овој ризик од корупција дозволен со Изборниот закон, ЗНМ алармираше во повеќе наврати, дека претставува ризик за перење на јавни пари од страна на политички партии преку фиктивни медиуми.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов