ЗНМ и СЕММ: Стигматизирачки и омаловажувачки пристап на Апасиев кон новинарите

Од:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат непристојниот и груб однос на пратеникот Димитар Апасиев кон новинарите, служејќи се со стигматизирачки и дискриминаторен говор и нарекувајќи ги новинарите „проститутки“, во знак на незадоволство за начинот на којшто известуваат од меѓувладината конференција во Брисел.

-Со самото тоа, како актуелен пратеник и лидер на политичка партија, негативно влијае врз слободата на изразување и квалитет на јавната дебата, порачуваат од таму. Со своите вчерашни јавни изјави на социјалната мрежа Фејсбук, Апасиев демонстрира пример на тоа како јавна личност не треба да комуницира со новинарите и јавноста воопшто.

Ова не е првпат Апасиев да се служи со ваков говор и да има арогантен однос кон новинарите. Со тоа директно го крши и Кодексот на етичко однесување на пратениците, според којшто во член 6 се наведува дека „пратеникот е должен при извршување на функцијата да се однесува со особено внимание и почитување на личноста и угледот на секој поединец“, истовремено мотивирајќи и други партиски приврзаници, но и други поединци и групи во општеството, на истиот начин да се постават кон новинарите.

Повторно укажуваме и предупредуваме дека со ваквиот говор и настап е возможно да се поттикне насилство кон новинарите, што е апсолутно спротивно со законот, за што одговорност имаат и институциите на системот, стои во соопштението од ЗНМ и СЕММ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Апасиев: Левица ќе продолжи да биде единствениот глас на младите

Горан Наумовски

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството