ЗНМ го осуди Апасиев за навредите кон новинарите од „А1он“, ќе следи пријава до МВР

Од:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), ја осуди непримерната јавна комуникација со елементи на омраза на актуелниот пратеник и лидер на политичката партија „Левица“, Димитар Апасиев кон новинарката Габриела Димковиќ – Мишевска од онлајн медиумот „А1он“. ЗНМ за овој инцидент ќе поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и ќе бара да се преземат дополнителни мерки од страна на МВР.

Пратеникот Апасиев на својата Фејсбук страница јавно ја етикетира и омаловажува Димковиќ поради нејзините претходни написи во врска со измените на законот за финансирање на политички партии.

На прашањето поставено до него, тој упатува редакцијата да се обрати во „Прес Центарот на Левица, во отсекот за провладини медиуми“, а потоа ги етикетира новинарите како „сороспии“, „курирци“, „провладини“…

„Преку ваквата непримерна комуникација освен обидот за јавна дискриминација на новинарката Димковиќ, нејзината уредничка Мери Јордановска и медиумот во кој тие работат, пратеникот Апасиев јавно провоцира и други лица да споделуваат погрдни зборови но и закани упатени кон колешките и овој медиум. Фактот што овие закани како и говорот со елементи на омраза остануваат како одговор на претходната објава на пратеникот Апасиев, истите можат да поттикнат дополнителна омраза но и насилство кон новинарите. Потсетуваме дека според Кривичниот закон тој што во јавноста промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група е кривично дело и ќе се казни со затвор од една до десет години“, велат од ЗНМ.

Оттаму потсетуваат дека ова не е прв пат пратеникот Апасиев јавно да се пресметува со новинари и медиуми за кои не му се допаѓа како известуваат. Минатиот месец, ЗНМ поднесе претставка за прекршување на етичкиот кодекс на пратеници до Собранието на РСМ поради јавното омаловажување на пратеникот Апасиев кон новинарот Боби Христов од ТВ Телма.

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски