Значително постудено, утринската до минус осум

Од:

Променливо облачно, значително постудено и ветровито време не очекува од утре до четврток поради продор на многу студена воздушна маса од север.

Од денеска попладне се очекува зголемување на облачност и врнежи од дожд на запад што локално ќе бидат поројни, а преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат обилни во западните и северните делови каде на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и повремено ќе засилува.

Минималната температура утре ќе се движи од минус два до пет степени, во среда минус шест до еден, во четврток од минус осум до минус еден, петок од минус седум до еден, сабота од минус осум до еден и во недела од минус пет до минус еден степен.

Максималната температура утре ќе се движи од нула до девет степени, во среда од минус два до шест степени, четврток од нула до седум, петок од минус еден до седум, сабота од два до девет и во недела од четири до 12 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски