Започнато е сослушувањето на обвинетите за злоупотребите во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Прв исказ дал сопственикот на „В.Е.З. Трејд“, Зоран Златковски, кој бил повикан од обвинителката која ја води постапката. По него, сослушани ќе бидат разрешената директорка, Лидија Димова, поранешниот надворешен соработник, Александар Гочев и пензионираната благајничка, Ана Павлиду.
„Во рамките на истражната постапка, освен прибирање и анализа на материјалните докази, во изминатиот период едно од осомничените лица даде исказ пред јавен обвинител. Останатите осомничени лица, согласно планираните активности на предметниот јавен обвинител ќе бидат повикани во периодот по 15 јануари“, велат од Обвинителството за „А1он“.
Освен за случаите кои ги испитуваше Финансиската полиција, обвинителката води истражна постапка против Лидија Димова и по пријавата од Стопанската комора за туризам на Македонија. Според истата, Димова ја злоупотребила својата положба како директор и манипулирала со постапка за јавна набавка. Овој предмет е споен со предметот оформен по пријавата од Финансиската полиција, бидејќи за Димова веќе се водеше постапка за ова дело. Со пријавата е опфатена и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
„Првопријавената Лидија Димова како одговорно лице во второпријавеното лице Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, во периодот од 05.10.2018 до 09.10.2018, ја злоупотребила својата положба и овластување како директор на Агенцијата на начин што манипулирала со постапката за јавна набавка, спротивно на Законот за јавни набавки со цел договорот за јавна набавка да го склучи со однапред определени, блиски до неа лица, со што истовремено нанела штета на сите трети лица заинтересирани за учество во постапката за јавна набавка“, стои во кривичната пријава од Стопанската комора за туризам на Македонија.
Лидија Димова се сомничи за сторена измама на штета на средства на Европската заедница и злоупотреба на службена положба и овластување. Зоран Златковски и Александар Гочев, се гонат за измама на штета на средства на Европската заедница. Ана Павлиду се товари за кривично дело несовесно работење во службата. На сите, освен Павлиду, им се одземени пасошите.
Димова беше разрешена од директорската позиција од страна на Управниот одбор на Националата агенција, а на нејзино место е назначен в.д. директорот Марко Ѓоргиевски.
„А1он“ објави дека скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација. Директорката Димова истражувањето го нарече манипулативно и организиран напад врз Националата агенција за европски образовни програми и мобилност. Преку социјалните мрежи, Димова се обиде и јавно да го дискредитира новинарот, заканувајќи се со тужба, на што реагираа и новинарските здруженија. Тогаш, премерот Зоран Заев ги повика истражните институции да ја испитаат работата на Националната агенција.
Во вториот дел од истражувањето, „А1он“ објави дека ангажирани во проект на фризерницата „В.Е.З. Трејд“ обвинуваа дека сопственикот Зоран Златковски им префрлал пари на трансакциска сметка и барал да му ги вратат во кеш. Златковски на заедничка онлајн прес-конференција посочи дека никогаш не зел пари во кеш.
Обвинувања на сметка на Димова имаше и од пензионираната благајничка во Националната агенција Ана Павлиду. Таа во интервју за „А1он“ посочи дека ѝ бил вршен мобинг, но и дека соработничка на директорката Димова ѝ се заканувала со убиство.
Фризерницата немало да го добие грантот од над 60.000 евра во акцијата „202“ доколку проектите биле финансирани според ранг-листата што ја направиле евалуаторите. Кога две апликации биле ставени на резервна листа, а една е одбиена за грант од евалуационата комисија, било прифатено да се финансира „В.Е.З. трејд“. Организација која имала повеќе бодови од „В.Е.З. Трејд“ и не е финансирана со образложение дека има конфликт на интереси ја тужи Националната агенција. И Златковски се поврзува со вработена во Националната агенција, со која во минатото работеле на проекти грантирани од „Еразмус+“, но неговиот проект е грантиран