(ВИДЕО) Службеничката ја демантира Димова: Немам спроведено контрола во „В.Е.З. Трејд“, нема записник со мој потпис

Од:

Програмската службеничка негира дека извршила контрола во работењето на фризерницата „В.Е.З. Трејд“ по претходни укажувања за злоупотреби, како што тврдеше разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

Посочувањето дека службеничката извршила контрола од страна на Димова, дојде откако „А1он“ објави дека повеќе лица ангажирани во проект на фирмата „В.Е.З. Трејд“, преку писма уште лани во април ја алармирале директорката на агенцијата Димова за можни злоупотреби со парите. Службеничката која повеќе не работи во Националната агенција, за „А1он“ вели дека никогаш не потпишала ниту записник за извршена контрола во „В.Е.З. Трејд“.

„Немам спроведено таква контрола, нема записник со мој потпис. Не сум запознаена за индиции за злоупотреба на средствата“, вели таа во краток разговор за „А1он“.

Откако „А1он“ го објави случајот, Лидија Димова на јавна прес-конференција посочи дека ги добила укажувањата за можни злоупотреби и дека тогаш е направена контрола. „А1он“ ги побара и записниците, на кои, разрешената директорка тврдеше дека е потпишана програмската службеничка, но до овој момент, не ни се доставени.

„Бидејќи станува збор за училишно образование, контролата е направена од Деспина Србиновска-Шундуловска. Можете да стапите со неа во контакт во врска со случајот кога сакате. Таа не работи повеќе во Агенцијата. Не сум сигурна дека можам да го доставам записникот, ќе мора да ми оставите време да прашам во Брисел. Меѓутоа, секако, ако можам ќе ви го доставам“, рече Лидија Димова на прес-конфренцијата одржана на 13 октомври, односно ден по објавувањето на втората сторијата.

„А1он“ дојде до овие писма, кои содржат обвинувања за пари исплатувани во кеш, нетранспарентност и немање увид во проектот финанисиран од Националната агенција, а кој го спроведувал сопственикот и управител на „В.Е.З Трејд“, Зоран Златковски. Неколкумина ангажирани тврдат дека побарале да бидат изземени од проектот поради сомнежи за незаконско работење, но никогаш не добиле одговор од директорката на Националната агенција, Лидија Димова. Во едно од писмата до Димова тие укажуваат дека не знаат кои обврски ги имаат во проектот, а Златковски им објаснил дека се дел од тимот поради компетентноста, нешто што се оценува и од евалуаторите, а влијае при грантирањето. Фризерницата „В.Е.З. Трејд“ добила грантови во вкупна вредност од 270.000 евра во период од три години.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага со која се опфатени разрешената директорка Лидија Димова, сопственикот на „В.Е.З. Трејд“ Зоран Златковски. За одделен случај, се гонат и поранешниот надворешен соработник во Агенцијата, Александар Гочев и пензионираната благајничка Ана Павлиду.

Судот по барање на обвинител им ги одзеде пасошите на Лидија Димова, Зоран Златковски и Александар Гочев. Според кривичната пријава осомничените причиниле штета на Националата агенција во износ од над 400.000 евра.

Би можело да ве интересира

Димова пред да ја разрешат исплатила 26 илјади евра кон фризерницата, додека Финансиската полиција водеше истрага

Кристијан Ландов

Марко Ѓоргиевски е привремена замена за Лидија Димова во Националната агенција

Кристијан Ландов

Одземени пасошите на Лидија Димова и поранешниот надворешен соработник во Националната агенција

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Лидија Димова избега од новинарите

Кристијан Ландов

Лидија Димова во судница, се одлучува за одземање на пасошите

Кристијан Ландов

Судот му го одзеде пасошот на сопственикот на фризерницата Зоран Златковски

Кристијан Ландов