Кривична против директорката Димова, сопственикот на фризерницата Златковски и ексангажирани во Националната агенција

Од:

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Лидија Димова – директорката на Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, Зоран Златковски – сопственик на фризерницата „В.Е.З. Трејд“, Алек Гочев, поранешен надворешен соработник во Националната агенција и Ана Павлиду, пензионирана благајничка во Националната агенција. „А1он“ објави дека грантови во износ од 270.000 евра биле доделени на фризерница, чиј сопственик, бил и надворешен експерт во Националната агенција, но и дека во благајната има недостаток од 15.000 евра.

„Пријавата е поради постоење на основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од Кривичниот законик и кривично дело измама на штета на средства на европската заедница, кривично дело соизвршителство и кривично дело несовесно работење во службата. Пријавените Л. Д. како директор на НАЕОПМ, З. З како управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје, А. Г. како надворешен соработник и А. П. како благајник на НАЕОПМ причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543,00 денари“, велат од Финансиската полиција.

„А1он“ објави дека скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација. Директорката Димова, истражувањето го нарече манипулативно и организиран напад кон Националата агенција за европски образовни програми и мобилност. Преку социјалните мрежи, Димова се обиде и јавно да го дискредитира новинарот, заканувајќи се со тужба, на што реагираа и новинарските здруженија. Тогаш, премерот Зоран Заев ги повика истражните институции да ја испитаат работата на Националната агенција.

Во вториот дел од истражувањето, „А1он“ објави дека ангажирани во проект на фризерницата „В.Е.З. Трејд“ обвинуваа дека сопственикот Зоран Златковски, им префрлал пари на трансакциска сметка и ги барал да им ги врати во кеш. Златковски, на заедничка онлајн прес-конференција посочи дека никогаш не земал пари во кеш.

Обвинувања на сметка на Димова имаше и од пензионираната благајничка во Националната агенција, Ана Павлиду. Таа во интервју за „А1он“ посочи дека и бил вршен мобинг, но и дека соработничка на директорката Димова и се заканувала со убиство.

Фризерницата немало да  го добие грантот од над 60.000 евра во акцијата „202“ доколку проектите биле финансирани според ранг-листата што ја направиле евалуаторите. Кога две апликации биле ставени на резервна листа, а една е одбиена за грант од евалуационата комисија, било прифатено да се финансира „В.Е.З. трејд“. Организација која имала повеќе бодови од „В.Е.З. Трејд“ и не е финансирана со образложение дека има конфликт на интереси ја тужи Националната агенција. И Златковски, се поврзува со вработена во Националната агенција, со која во минатото работеле на проекти грантирани од „Еразмус+“, но неговиот проект е грантиран.

Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе свика седница за разрешување на директорката Лидија Димова веднаш откако ќе ги добие побараните документи од надлежни институции. Членовите за „А1он“ велат дека се во тек со случувањата, како и со препораката за разрешување дадена од премиерот Зоран Заев. Оттаму посочуваат дека ги разгледуваат можностите, а дека ќе постапат во интерес на заштита на државата и интегритетот на Националната агенција.

Би можело да ве интересира

ОЛАФ доаѓа за истрагата против Лидија Димова и фризерницата, ќе ги испитува злоупотребите со обвинителот

Сослушана Лидија Димова за злоупотребите во Националната агенција, поради короната, истрагата ќе биде продолжена

Кристијан Ландов

Ѓоргиевски назначен и за директор, по разрешувањето на Лидија Димова

Кристијан Ландов

Короната го одложува исказот на Лидија Димова, благајничката и соработникот, но и одлуката за обвинението

Кристијан Ландов

Националната агенција ги прекина проектите вредни 211 илјади евра на фризерницата на Златковски

Златковски дал исказ пред обвинител, Димова, Гочев и Павлиду ќе се сослушуваат од идната недела

Кристијан Ландов