Жолта – алертна фаза утре во Македонија, неопходна заштита од директна сончева изложеност

Од:

Целата територија на Македонија утре се очекува да биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата алертна фаза, соопшти Министерството за здравство согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.

Деновите со повисоки температури, како што се наведува, се очекува да траат до крајот на неделата.
Од Министерството потсетуваат да се почитуваат општите препораки за населението, во однос на заштита од директна сончева изложеност, како што се: избегнување подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, носење лесна и светла облека, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Комисијата за климатски промени при Министерството, континуирано ја следи состојбата со топлото време за што, како што посочуваат, јавноста навремено ќе биде информирана.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски