Жителка на село Теарце изутрината во полиција пријавила дека додека се движела пеш по локалниот пат во селото Лешок кон регионалниот пат Тетово-Јажинце била касната од две кучиња, при што се здобила со телесни повреди.
МВР информира дека С.И. (53) побарала лекарска помош во Медицинскиот центар во Тетово.