Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Од:

Советот на Општина Кочани на денешната редовна седница донесе едногласна одлука отпадот од Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево и другите општини во регионот веќе да не се носи на градската депонија кај селото Бели.

Одлуката беше усвоена по дополнувањето на дневниот ред што го предложи претседателот на Советот Лазо Митев, образложувајќи го со барањето на граѓаните кои веќе трета недела протестираат и го блокираат пристапот до депонијата за комуналните возила од соседните општини.

-Советот на Општина Кочани бара веднаш да престане депонирањето на комуналниот отпад од соседните општини Виница, Зрновци, Чешиново- Облешево и од другите соседни општини сѐ до отпочнување со работа на регионалната депонија кај Свети Николе и до моментот на избор на постојан оператор за одржување и затворање на градската депонија во Кочани. Одлуката ќе биде доставена до комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани, до соседните општини и до Владата, а таа стапува на сила со денот на донесувањето, истакна Митев.

На седницата едногласно беше усвоена и инцијатива да се формира надзорно тело кое, како екопатрола, ќе го контролира начинот на собирање и депонирање на отпадот од територијата на општина Кочани.

Во салата на Советот беа присутни и поголем број граѓани, екоактивсти и учесници на протестот, кои со аплауз го поздравија донесувањето на одлуките.

-Упатуваме благодарност до советниците, но пред сè до сите граѓани коишто во изминатите 17 дена протестираа и направија притисок да се дојде до оваа конечна одлука. Верувам дека ќе биде испочитувана и дека ќе го реши проблемот за повеќе да не ни се случуваат такви катастрофи како што беа досега, истакна Стојан Глувчевски, претставник на екоактивистите од Кочани.

Грaѓаните кои го блокираат пристапот до депонијата кај Бели попладнево ќе одржат координативен состанок на кој ќе ја разгледаат новонастанатата ситуација и ќе донесат одлука дали ќе го прекинат протестот.

Би можело да ве интересира

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

Семејствата на жртвите од „Пулс“ бараат законската финансиска помош

Во Кочани изгореа една куќа и 15 хектари зимзелена и нискостеблеста шума

29-годишен маж од Кочани е тешко повреден во сообраќајка

ВИДЕО: Во голем пожар во Кочани изгореа автобуси и комбе