Тројца жители на гевегелиското село Негорци биле физички нападнати од група непознати лица во скопски Аеродром. Случајот во полиција го пријавил Н.Б. (33) ноќеска во 03.30 часот.
Според пријавата, како што соопшти МВР, на 2 ноември во 23 и 30 часот на бул. „Јане Сандански“ во Скопје Н.Б.заедно со неговиот чичко К.Б. (53) и неговиот брат Г.Б. (56), двајцата од село Негорци, физички биле нападнати од седум-осум непознати лица. Напаѓачите ги удирале со тврди предмети , боксови и клоци во пределот на телото и главата, со што им нанеле видливи повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.