А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Жешкиот бран најизразен во Демир Капија – 37 степени, на југоистокот во четврток и петок над 40

by А1он22/06/2021 - 18:5023/06/2021 - 06:30196
Share0

Температурата на воздухот денеска во Демир Капија се искачи на 37 степени, а во Тетово, Струмица, Скопје, кај Зајчев Рид и во Гевгелија се регистрирани 36 степени Целзиусови. Според мерењата на УХМР, во Штип и Битола максималната температура била 35, во Прилеп и Виница – 34, Маврови Анови, Охрид и Претор – 32, Крива Паланка – 31, Берово – 30, Крушево -28 и 26 во Лазарополе.

Добивај вести на вибер

УХМР најавува дека до крајот на денот и на почетокот на вечерта на североисток и исток ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Во ноќните часови ќе настапи стабилизирање на времето.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

-Во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. На повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени, а најтопло ќе биде во четврток и петок кога наместа и особено на југоистокот ќе го надминуваат и 40-тиот степен, најавува УХМР.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен