Жерновски во работна посета на САД

Од:

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, на 25 и 26 јули 2018 година, на покана на државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, во Вашингтон ќе учествува на Министерска конференција за унапредување на верските слободи. На отворањето на Конференцијата, освен државниот секретар Помпео, свое обраќање ќе има и потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Промовирањето и заштитата на верските слободи е приоритет на американската администрација и за таа цел, државниот секретар Помпео ќе биде домаќин на прва министерска конференција која покрај министри и владини претставници, на едно место ќе собере бројни верски лидери, борци за човекови права и претставници на граѓанскиот сектор, кои ќе разговараат за предизвиците, ќе идентификуваат конкретни мерки и чекори за борба против верскиот прогон и дискриминацијата и обезбедувањето поголемо почитување на верските слободи за сите. Конференцијата ќе ја одбележи и 20 годишнината на Меѓународниот Акт за верски слободи донесен од американскиот Конгрес во 1998 година. Овој клучен акт донесен со бипартиски консензус е основен документ кој ја афирмира важноста од промовирањето на религиозните слободи како клучен елемент во надворешната политика на САД.

За време на дводневната работна посета на Вашингтон, на 25 и 26 јули, Жерновски ќе оствари средби со високи претставници на американската администрација, средби во Белата Куќа, во Стејт департментот, Конгресот, како и со тинк-тенк заедницата.

Би можело да ве интересира

Техеран најави набавка на ново оружје: Иран ќе купува напредна воена опрема од „пријателски земји“

Нова ескалација меѓу САД и Иран: Размена на напади, Трамп со остра закана кон Техеран

Техеран: САД не ја спроведуваат првата точка од договорот со Иран – прекин на огнот

САД и Катар ќе „одмрзнат“ шест милијарди долари сопственост на Иран

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин

Завршена првата рунда од разговорите меѓу Иран и САД во Швајцарија: Џеј-Ди Венс открива детали од разговорите

Горан Наумовски