Жерновски во работна посета на Брисел: Посветено работиме на исполнување на сите препораки од Европската унија

Од:

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во рамки на дводневната работна посета на Брисел, оствари работна средба со Анџелина Аинхорст, директор во Европската служба за надворешни работи.

На состанокот, Жерновски информираше за актуелната политичка состојба, како и за напредокот на земјата на полето на имплементацијата на обврските од процесот на европски интеграции. „Како држава, посветено и внимателно работиме на исполнување на сите препораки и забелешки од страна на Европската унија, со цел да изградиме солидно досие преку кое ќе обезбедиме потврдување на одлуката од страна на Советот следниот јуни и, конечно, почеток на преговорите“, нагласи Жерновски на состанокот. Аинхорст изрази задоволство од напредокот во Република Македонија, како и од текот на имплементацијата на Договорот од Преспа, потенцирајќи ја неопходноста од заокружување на овој процес како предуслов за остварување на евроинтегративните аспирации на земјата.

Жерновски имаше состанок и со Алехандро Алваргонзалес, Заменик генерален секретар за политички и безбедносни прашања на НАТО. На средбата, соговорниците изразија задоволство што, и покрај бројните предизвици, работите во Република Македонија се движат во позитивна насока. Беше упатено уверување дека целиот процес ќе заврши успешно и дека Република Македонија набргу ќе го добие заслуженото место во НАТО. „Ние, во НАТО, но и јас лично, со нетрпение ја очекуваме Република Македонија во своите редови”, изјави Алваргонзалес на средбата.

За време на работната посета на Брисел, Жерновски оствари средби и со европратениците, Димитриос Пападимулис (потпретседател на ЕП, член на Сириза, Грција), Питер Нидермулер (член на социјалдемократите, Унгарија), со Иво Вајгл ( член на АЛДЕ, известител за Република Македонија), како и со Андреј Ковачев ( потпретседател на ЕПП, Бугарија), потоа со Јоханес ван Бален (претседател на Групата на пријатели на РМ во ЕП, АЛДЕ, Холандија), со Елмар Брок (член на ЕПП, Германија), со Рајнхард Бутихофер (член на Групата на Зелените, Германија), со Тонино Пицула (член на социјалистите и известител во сенка за РМ во ЕП, Хрватска).

Од страна на сите соговорници беше изразена силна поддршка за правецот во кои се движи Република Македонија и убеденост дека нашата земја конечно ќе се најде во семејството на ЕУ.

За време на дебатата во Европскиот Парламент за Резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2018, комесарот за проширување Јоханес Хан, претставникот на Европскиот совет и европратениците, припадници на големите различни парламентарни групи, едногласно го поздравија реформскиот процес во Македонија, добрососедскиот однос и договорите со Бугарија и Грција, како и лидерската улога во регионот.

Со изгласување на Резолуцијата, Македонија доби препорака од ЕП за почеток на преговорите со ЕУ во јуни 2019 година.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне