Жерновски: Скопје 2014 е всушност Центар 2014

Од:

Јас и кандидатот на град Скопје имавме можност заедно да ги поканиме граѓаните и да им објаснам дека мојот мотив да се кандидирам и да имам чест да бидам кандидат на здружената опозиција се всушност составени од два дела:

Првиот, оној приватен, интимен е тоа што и мојот дедо и мојот татко тука твореле и граделе во општина Центар. Јас сум тука роден тука сум завршил и школо и факултет како градежен инженер и моите деца се тука родени. Понатаму, веќе тешко е да се живее во општина Центар затоа што ова стана се освен место за живеење.

Политичкиот момент пак од друга страна е многу јасен, за нас и за мене како опозиционер тука во општина Центар очигледно е концентрирана основата, ако сакате и идеологијата, на владејачката коалиција и сакам јасно да се спротивставиме на таа идеологија. За мене лично како граѓанин на оваа општина, Скопје 2014 е всушност Центар 2014 затоа што сите објекти од тој проект се во општина Центар. Сакам да се спротивставиме и сум убеден дека ќе ја добиеме поддршката на жителите од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

Туск за кризата во Полска ја обвини опозицијата, но и „руските ботови“

Ребалансот на Буџетот за власта е неопходен одговор на новите економски услови, а за опозицијата неуспешно економско планирање –

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ