Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

Од:

бвинувањата на опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг премиерот Христијан Мицкоски го оквалификува како саботажа и удар врз темелите на државата. Од СДСМ на таков начин, смета Мицкоски, го обвинуваат и ММФ и Светската Банка која ги прави проценките за земјата.

Според него, среќа е што немаат кредибилитет и ретко кој верува во тоа што го зборуваат. Владата, потенцира, јасно знае што прави и каде ја води државата, а тоа, како што нагласи, го препознаваат сите релевантни чинители.

– Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро Јавното обвинителство да се позанимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на државата. Среќа што немаат кредибилитет кај граѓаните поради што ретко кој верува во тоа што го зборуваат освен малкумина од тој круг во кој што тие се движат, па тоа што го зборуваат повеќе наидува на одбивање отколку на одобрување – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас.

Според премиерот, на ваков начин СДСМ посредно ги обвинува и Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

– Па зарем вие ќе можете да препознаете, а сте дел, да речеме, од Светската банка или Меѓународниот монетарен фонд подобри перформанси во македонската економија и да ги нивелирате вашите проценки за 26-та година ако владата фингира? Не. Нормално дека не. Тие на тој начин ја обвинуваат Светска банка и го обвинуваат Меѓународен монетарен фонд, а не Владата – истакна премиерот.

Затоа, како што рече, вели оти кога испраќаат таква порака, не е тоа само политичка порака,туку порака која што директно удира во темелите на државата.

-​ Ќе повторам, среќа е што лицата коишто испраќаат таква порака немаат никаков кредибилитет. Затоа повторно ќе се обратам до граѓаните да бидат спокојни, точно знаеме што правиме и каде ја водиме државата. Резултатите се препознаени од сите наши партнери, еве и денеска и неговата екселенција амбасадорот тоа го кажа и сите коишто доаѓаат тука и за напредокот од тоа што го правиме и за економските резултати коишто ги постигнува оваа Влада, рече Мицкоски како одговор на прашање за ставот пообвинувањата дека Владата го фингира јавниот долг. сст/паг/

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Туск за кризата во Полска ја обвини опозицијата, но и „руските ботови“

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски