Женска Алијанса со протест против дискриминацијата во новата наставна програма „Семејни студии“

Од:

Невладината Женска Алијанса најостро го осудува дискриминирачкиот пристап кој се користи во студиската програма по Семејни студии на Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Имено, во програмата како цели на предметот „Семејството и општествените девијации“ стои:

„Запознавање на студентите со содржини кои се поврзани со општествените девијации и современото семејство. Содржините посебно ќе бидат насочени кон стекнување на знаења за социо-патолошките проблеми (алкохолизам, зависност од дрога, развод на брак, хазардни игри, убиства, самоубиства, корупција, хомосексуализам) и улогата на семејството во спречување и сузбивање на општествените девијации“.

Според Женска алијанса, определувањето на разводот како социо-патолошки проблем е директен атак врз правото на слободна волја и расудување дали сопружниците ќе решат индивидуално или заеднички да излезат од брачната заедница поради одредени причини. Ова право е загарантирано со меѓународното право, но и со националната легислатива во Законот за семејство.

– Го потсетуваме наставниот кадар, креаторите на оваа студиска програма и Универзитетот дека Светската здравствена организација (СЗО) ја отстрани хомосексуалноста од Меѓународната класификација на болести (ICD-10) уште на 17-ти мај 1990 година, а оваа одлука започна да се применува во земјите членки на СЗО, каде спаѓа вклучително и Република Македонија, од 1994 година. Секое постапување спротивно на оваа одлука претставува директна дискриминација и кршење на меѓународните договори за човекови права кои ги има ратификувано нашата земја, како и домашниот Закон за спречување и заштита од дискриминација.

За волја на вистината, модерното семејство во напредните демократски општества подразбира и истополови бракови и посвојување деца од истополови партнери. Оттука, ја повикуваме Комисијата за заштита од дискриминација да постапи согласно законот и нејзините ингеренции и да наложи корекција на оваа (не)намерна грешка или превид од страна на креаторите на студиската програмата, велат од Женска алијанса.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дискриминација во ЦУК – примија 12 Македонци и само тројца Албанци

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

A1on

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

A1on

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска