„Поаѓајќи од потребата на жените од општина Шуто Оризари за пристап до квалитетни и достапни услуги поврзани со нивното репродуктивно здравје, односно потребата за постојан гинеколошки кабинет во општината, ние, жените од Шуто Оризари и медицинарите Роми, организираме јавен настан во општина Шуто Оризари со следнава цел: Добивање на поддршка од пошироката јавност од општината за заедничко застапување на прашањето пред надлежните институции преку нивно потпишување на Петиција за отворање на гинеколошкаa ординација и едукација на населението за нивните права поврзани со репродуктивното здравје“, се вели во соопштението на иницијативата на жените од Шуто Оризари.
Настанот кој ќе се одржи денеска од 17:30 до 20:00 часот, на плоштадот 8 Септември во Шуто Оризари, ќе биде од забавно-едукативен карактер и е поддржан од бендот Шутка Рома Рап кои ќе имаат свој перформанс на настанот.