Жбогар: Скопје и Софија даваат пример како да се решаваат проблемите

Од:

Договорот за добросоедство со Бугарија е пример како две држави можат сами да решат проблем кој постоел многу години, изјави шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар.

– Јас морам да го поздравам овој договор, затоа што мислам дека е договор кој ќе ги промени односите не само меѓу двете земји, туку и во регионот. Тоа е пример како две држави можат да го решат проблемот кој постоел многу години, и како можат да го отворат патот на соработка за во иднина, вели амбасадорот Жбогар во интервју за ТВ 21.

Според него, договорот ќе донесе промени кои луѓето треба да ги видат. Во врска со владиниот План „3-6-9“ евроамбасадорот Жбогар истакнува дека тоа е само почетен чекор до новата реалност во државата.

– Луѓето мора да видат дека нешто е различно. Тие мора да видат промени и во судството. Сите ќе се чувствуваат дека се исти пред судот. Дека законот важи подеднакво за сите. Овие реформи или план е само почетен чекор кој ќе не донесе до таа ситуација луѓето да сфатат дека има нова реалност во државата, подобра реалност, оценува Жбогар.

Тој посочува дека во ЕУ и земјите членки постои оптимизам за перспективите на земјата во однос на евроинтеграциите.

– Има оптимизам во Брисел и во земјите членки на ЕУ. Сакаме да ја видиме земјата да се движи напред, сакаме да донесеме добри вести и да почнеме преговори. Но, за тоа мора да работиме заедно и тогаш мислам дека резултатите ќе дојдат, истакнува амбасадорот Самуел Жбогар.

Би можело да ве интересира

Од земјите во ЕУ горивото најмногу поскапи во Бугарија – 34,5 отсто

А1он

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски