Жбогар: По летните одмори ќе продолжат дискусиите за преговарачката рамка

Од:

Евроамбасадорот Самуел Жбогар по денешната посета на Куманово во однос на неговите очекувања од преговарачкиот процес и меѓувладината конференција закажана за 10-ти ноември годинава, истакна дека по летните одмори се очекува да продолжат преговорите за преговарачката рамка.

– Мислам дека земјите членки сè уште ја дискутираат преговарачката рамка, се разбира дека сега се летни одмори очекувам веќе во септември откако ќе почне работата, земјите членки повторно да се соберат, се со цел да дискутираат за преговарачката рамка и се разбира следствено на тоа да ја усвојат. Откако тоа ќе се случи после ќе може да се одреди датум за првата меѓувладина конференција, меѓутоа ние сите искрено се надеваме дека ова ќе може да се случи во текот на германското претседателство со Европскиот совет, рече Жбогар.

Во одговор на новинарско прашање дали може да се очекува силен Парламент и стабилна Влада со 62 пратеници, рече дека голем број партии го поддржуваат европскиот пат на земјата и реформите што треба да се направат и оти очекува новата Влада да подаде рака на опозицијата за реализација на стратешките прашања важни за државата.

– Тоа што првин треба да видиме е Владата да биде избрана во Собранието, меѓутоа јас тоа што гледам, ако не сите политички партии, тогаш повеќето од нив даваат силна поддршка на европската иднина на вашата земја, т.е. на реформите коишто треба да бидат реализирани на патот кон ЕУ. Исто така гледам голем број на политички партии коишто го поддржуваат европскиот пат на вашата земја, на реформите што ќе треба да бидат реализирани во следните неколку години, таа поддршка се разбира е многу поголема од поддршката коишто некои партии ја даваат на новата Влада, рече Жбогар.

Изрази уверување дека сепак новата Влада ќе стапи во контакт, ќе подаде рака на опозицијата, со цел, како што рече, да можат да работат заедно во реализација на стратешките интереси на земјава.

Би можело да ве интересира

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа