А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

„Жан Митрев“ ќе утврдува дали го има новиот вид коронавирус во Македонија

by А1он28/12/2020 - 10:1528/12/2020 - 10:54833
Share0

Поради појавата на нов вирусен тип со зголемена преносливост во Велика Британија, лабораторијата за генетика и персонализирана медицина од Клиничката болница „Жан Митрев“ од денеска повторно почнува со секвенционирање на SARS-CoV-2 примероци. Целта е утврдување на можно присуство на мутирани соеви од овој вирус кај македонски пациенти.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од „Жан Митрев“ посочија дека во текот на наредниот период ќе ги информираат надлежните институции и јавноста за добиените резултати.

Од болницата соопштија дека според препораките на Европскиот центар за заразни болести (ЕДЦ) неопходно е да бидат навремено преземени чекори за утврдување на постоење и следење на ваквите еволуции на вирусот.

-Самиот факт дека генетската еволуција на SARS-CoV-2 вирусот може потенцијално да влијае на антигенските својства, неговата преносливост и јачина, се доволен показател дека треба да бидат земени предвид при планирање на следните чекори за справување со ширењето на истиот. Затоа ние како општествено одговорна лабораторија почнувајќи од денеска, ќе започнеме со собирање на примероци од македонски пациенти позитивни на корона вирусот и по добивање на нивна согласност истите ќе бидат дополнително секвенционирани на наш трошок, за да утврдиме присуство/отсуство на новиот мутиран сој SARS-CoV-2, познат како VUI – 202012/01, соопштија од болницата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Оваа иницијатива ќе се реализира во следните неколку месеци, со што како што посочија од болницата, ќе може да се утврди еволуцијата на вирусот на македонско тло.

За овој проект од „Жан Митрев“ информираат дека се во комуникација со локалната канцеларија на СЗО и дипломатските претставништа, од кои очекуваат поддршка која ќе обезбеди аргументирано и интелектуално издржано известување во борбата против лажните и извадени од контекст информации. Ги покануваат сите институции и капацитети, јавни или приватни доколку имаат можност да се приклучат во оваа борба

koronavirus mkdzan mitrev

Би можело да ве интересира

Д-р Жан Митрев доби признание како еден од најцитираните истражувачи во областа на медицинските науки според АРБУ

Горан Наумовски12/06/2026 - 10:57

Успешно оперирано новороденче со ретка и тешка вродена срцева маана

Предраг Петровиќ24/04/2026 - 17:1424/04/2026 - 17:17

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 13:2225/02/2026 - 13:31

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 12:3101/02/2026 - 12:49

Симпозиумот „Водичи во пракса“ организиран од Клиника Жан Митрев ги донесе европските упатства преточени во реални клинички одлуки

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 10:16

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Горан Наумовски29/01/2026 - 16:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео