Земјотресот во Албанија почувствуван во западните делови од државава

Од:

Земјотресот што попладнево беше почувствуван од населението во западните делови од државава, а со епицентар во Албанија, 120 километри југозападно од Скопје, како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, е со Рихтерова магнитуда од 4 степени

Земјотресот, регистриран во 16 часот и 08 минути, е со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.

Како што јави претходно дописникот на МИА од Дебар, епицентарот на земјотресот бил во пограничното албанско градче Булќиза, околина на Пешкопеја.

Пред десеттина дена регистрирани беа серија од дваесеттина земјотреси со епицентар во истата област, која е на оддалеченост од триесеттина километри од Дебар. Најсилниот беше со јачина од 4,8 степени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

ВИДЕО: Опасна ескалација во Тирана, нови протести најавени за денеска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски