Земјотрес ја вознемири Албанија, почувствуван и во Македонија

Од:

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, попладнево ги вознемири жителите на Албанија.

Според Министертвото за одбрана, потресот е почувствуван во 17:23 часот, со епицентар кај заливот Лазри, кај Драч на длабочина од шест километри.

Министертвото информираше дека освен вознемиреност кај жителите Тирана и Драч, земјотресот не предизвикал материјална штета.

Потресот е почусвтвуван и во западниот дел на Македонија.

Неколку последователни земјотреси во Албанија се регистриран и синоќа, но посилен бил во 23:52 часот кај Туман, во близина на Драч, со јачина од 3,7 степени. Останатите шест биле со јачина од 1,6 до 2,6 степени според Рихтер.

Силен земјотрес од 6,4 степени со епицентар во Драч,беше регисриран на 26 ноември минатата година,во кој загинаа 51 лице а предизвикана беше огромна материјална штета која се проценува на над 1,2 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тирана e во пламен: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Горан Наумовски

Скандал во Албанија со интимни снимки од познат композитор и жени од јавниот живот

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Силен земјотрес ја погоди Грција