„Зелена архитектура за зелени училишта“, проект за почиста животна средина

Од:

Граѓанската организација „Женска акција“ почнува да го реализира проектот „Зелена архитектура за зелени училишта“, а правата работилница ќе се одржи денеска во АСУЦ „Боро Перушевски“. Проектот има за цел вклучување во современите текови за одржливиот урбан дизајн што е практика на трансформирање на системите, нормите, архитектурата и инфраструктурата на еден град, кон подобрување на квалитетот на животот и елиминирање на влијанијата врз животната средина.

На работилницата, како што информираат од граѓанското здружение, ќе присуствуваат експерти од Политехнички Универзитет на Валенсија, Шпанија, домашни експерт, наставници, ученици, претставници од Град Скопје, активисти од други граѓански организации…

-Загадувањето на воздухот во земјава предизвикува сериозна загриженост поради тоа што граничните вредности, особено оние за концентрациите на суспендирани честички кои се утврдени со цел да се заштити здравјето на луѓето, се надминуваат во голема мера. Ситуацијата е најсериозна во најголемите урбани средини, особено во Скопје. Преку реализацијата на проектот „Зелена архитектура за зелени училишта“ ќе се обидеме да се вклучиме во современите текови за одржливиот урбан дизајн што е практика на трансформирање на системите, нормите, архитектурата и инфраструктурата на еден град, кон подобрување на квалитетот на животот и елиминирање на влијанијата врз животната средина, се велат од „Женска акција“.

Урбаниот дизајн опфаќа повеќе мерки како што се Архитектонска конзервација – Заштеда на места од значајна архитектонска, културна или историска вредност; паркинзи за велосипеди, споделување велосипеди, паркови, езера, реки, отворени текови, канали и фонтани но исто така и зелени покриви, зелени ѕидови и зелени фасади.

Од граѓанската организација велат дека преку медиумите, работилниците и форуми ќе работат на подигање на свеста кај граѓаните на Град Скопје за убав и „зелен“ град, за заштита на животната средина, како и дека ќе изработат идеен проект за дизајн и архитектонско решение за зелен покрив и зелена фасада на едно средно училиште.

-Со реализацијата на проектов очекуваме намалување на негативното влијание на климатските промени, разубавување на човековата околина со што се внесува елемент на природата во урбаната средина, јакнење на свесноста за потребата од промовирање на иновативни решенија во борбата за ублажување на климатските промени, вклучување на граѓаните во планирање на нови еколошки решенија, се вели во соопштението од „Женска акција“.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари