Синкевичиус: Приклучувањето на Северна Македонија кон ЛИФЕ ќе придонесе за позелен и поодржлив континент

Од:

Приклучувањето на Северна Македонија кон Програмата на ЕУ за животна средина и климатска акција (ЛИФЕ) претставува можност за зајакнување заедничките европски активности за справување со климатските промени и загадувањето, за зајакнување на транзицијата кон чиста енергија, постигнување циркуларна економија и за заштита и обнова на биодиверзитетот, оцени европскиот комесар за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус.

– Нашата поблиска соработка ќе биде од корист за граѓаните, бизнисите и граѓанското општество во Северна Македонија и ќе придонесе за позелен, поодржлив континент во согласност со целите на Европскиот зелен договор, додаде Синкевичиус.

Договорот за пристапување на земјава кон Програмата ЛИФЕ го потпишаа во понеделниот во Брисел еврокомесарот Синкевичиус и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Како што информира Европската комисија, со пристапувањето на земјава кон Програмата јавни и приватни организации од Северна Македонија ќе можат да добијат финансиска поддршка за проекти поврзани со заштитата на животна средина и климата, вклучително и за зголемување на енергетската ефикасност, подобрување на управувањето со водните ресурси и за поддршка на изработка, следење на имплементацијата и спроведувањето на закони слични со оние во ЕУ.

Северна Македонија е четвртата земја која не е членка на ЕУ шро се приклучи кон Програмата ЛИФЕ по Исланд, Украина и Молдавија.

Со приклучувањето кон Програмата, субјекти од земјава ќе имаат можност да добиваат поддршка од ЕУ за мобилизирање на јавни и приватни ресурси за климатска акција, заштита на биолошката разновидност, циркуларна економија и транзиција кон чиста енергија. Апликантите од земјава можат да поднесат предлози во рамките на Конкурсите за Програмата ЛИФЕ објавени во 2023 година.

Приклучувањето кон Програмата ЛИФЕ ќе им помогне на седумте земји да развиваат иновативни еколошки и климатски техники, пристапи и најдобри практики кои придонесуваат за климатски неутрална,

По потпишувањето на Договорот во понеделникот, министерката Шукова изјави дека со ова првпат ќе се обезбеди пристап до финансиски механизми на ЕУ со што ќе се отворат нови можности за аплицирање за проекти и ќе се овозможи подобро општествено вклучување во имплементацијата на европските политики за управување со глобалните предизвици и имплементација на заедничките цели за поздрава и помалку загадена животна средина, подобро заштитена природа и биодиверзитет и декарбонизирана иднина.

Програмата ЛИФЕ има за цел да придонесе во имплементацијата, ажурирањето и развојот на политиката и законодавството на ЕУ за животната средина и клима преку кофинансирање проекти со европска додадена вредност. За учество во Програмата, Владата преку МЖСПП ќе обезбеди соодветна финансиска контрибуција во вкупна вредност 1 327 990 евра распределени во пет години, од 2023 година до 2027 година, информираа од МЖСПП.

Би можело да ве интересира

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари

Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден надзор на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река кај Кочaни

Ана Ололовска

Шукова: Се обидувам да видам што се случува со средствата доделени од Владата за спас на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Министерството за животна средина: Од 1 јануари стапува на сила Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад

Ана Ололовска

Нуредини: Првиот контејнер со контамирана земја од ОХИС замина за Германија

Ана Ололовска

Се истражува загаденоста на Пеленица

Ана Ололовска