На дебатата во кампот на слободата пред Владата, Мухамед Зекири, новинар кој зборуваше на тема медиуми, рече дека е дојдено време да се стави крај на оваа владеење.
– Ние од идната влада очекуваме да престане да го прави она што старата го правеше, мора да престанат заканите кон неистомислениците. Приоритетно е да ги тргне рацете од јавниот сервис, кој мора да биде сервис на граѓаните. Второто, треба да престанат да се купуваат приватните медиуми со народните пари. Трето, во Агенцијата за медиуми не смее да има место за партиски луѓе. Законите за медиумите мора да претрпат измени. Критичните новинари на оваа власт ќе бидат покритични кон секоја друга власт – порача Зекири.