Зекири: Сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, во објава на неговиот профил на Фејсбук вели дека за целото времетраење на полицискиот час ниту имал дозвола за движење, ниту кога било прекршил некоја од мерките за забрана за движење.

– Заради ненамерната грешка на претседателот Зоран Заев на денешната прес-конференција дека сум се заразил на ифтар кај брат ми, сакам само да ве информирам дека за целото времетраење на месецот рамазан сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството – и без посети од никого. Првото излегување ми беше на бајрамскиот викенд и за празникот имав средба само со најтесното семејство. Тие лица ќе бидат допрва тестирани, така што до сега само ние сме потврдени позитивни на вирусот, пишува Зекири.

Тој посочува дека самиот си ја соопштил веста за заразувањето, а и дека завршила целата анкета со епидемиолозите.

– Со оглед на тоа што има засегнати лица кои за разлика од мене не се јавни личности, ве молам за почитување на нивната приватност, апелира Зекири.

Претходно, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање рече дека Зекири се заразил на ифтарска вечера кај брат му.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

ВМРО-ДПМНЕ: За косата на Шекеринска 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра две и пол години

Предраг Петровиќ

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Судењето на Зеќири вратено на почеток

Ана Ололовска

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска