Здружението на правници Роми ги поздравува мерките на полицијата околу случајот со тепање дете во Кочани

Од:

Здруженнието на правници Роми од Скопје, ги поздравува превземените мерки од страна на МВР во врска со претепаниот малолетник од ромска националност во Кочани.

Министерството за внатрешни работи во врска со снимениот материјал кој беше споделуван на социјалните мрежи и во кој јасно се гледа како непознати лица нанесуваат физички повреди врз малолетник од ромска националност, идентификувалo вкупно девет лица, три лица се приведенi, а со 20 лица е извршен службен разговор.

Исто така, ОВР Кочани во координација со ОЈО Кочани по целосно расчистување и документирање на случајот ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете”.

Настанот беше документиран и од страна на Здружение на правници Роми од Скопје кои извршија разговор со биолошките родители на детето во Шуто Оризари, учествуваа при распит на жртвата во Центарот за социјална работа и полиција и преглед за утврдување на неговата здравствена состојба по извршениот физички напад.

Во Р. Северна Македонија заштитата на децата во рамки на законот за заштита на деца се остварува преку обезбедување на права, средства и облици од страна на државата. Според кривичниот законик за матретирање и претепување на малолетник следи затворска казна од минимум 4 години.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ