Збратимениот кинески град Нанчанг донира 50.000 маски за здравствените институции во Скопје

Од:

Градот Скопје денеска почна со дистрибуцијата на донацијата од 50.000 заштитни маски од збратимениот град Нанчанг, од Кина, кои ќе бидат наменети за здравствените работници во повеќе здравствени институции во Скопје.

-Дозволете да изразам голема благодарност до граѓаните на градот Нанчанг и до мојот колега градоначалникот Хуанг Шиџанг за оваа донација, да се заблагодарам на амбасадата на НР Кина која помогна во интензивната комуникација и до Владата на Република Северна Македонија за логистиката при транспортот на овие маски. Денеска симболично почнуваме со дистрибуција на маските и на Градската болница „8.Септември“, на Инфективното одделение, ќе предадеме 2.000 заштитни маски за вработените во ова одделение. Дел од маските, во соработка со Министерството за здравство, ќе завршат во здравствените институции што се наоѓаат на територијата на нашиот град – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов на предавањето на донацијата во болницата „8.Септември“.

Ова е време, додаде тој, во кое сите мораме да се грижиме за здравјето на здравствените работници за тие да можат да им помагаат на луѓето во оваа светска пандемија.

-Утре е 1 Мај, Денот на работниците, па дозволете 1 Мај да го посветиме на здравствените работници. Ги замолувам граѓаните да останат дома и да се придржуваат до мерките, за да можеме што побргу и поедноставно да излеземе од епидемијата – рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако Кина ја преземе Канада ќе го укине хокејот

Пред најавената воена вежба на Русија, Кина и Иран, предупредување од САД да не се приближуваат до американските бродови

Стармер: Лондон цврсто го поддржува принципот „една Кина“

Мерц: Кина се проби во редовите на големите сили, водство на САД е доведено во прашање

Телеграф открива: Со години Кинезите ја прислушувале британската влада