Завршија градежните активности за уредување на речното корито на Липковка

Од:

Завршија градежните активности за уредување на речното корито на Липковка, со што се обезбеди заштита од поплави во центарот на Липково.

Проектот, што заврши денеска, е поддржан од УНДП која обезбеди 200.000 американски долари за проектот со кој се продолжи постојната регулација во Липково, за дополнителни 400 метри.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, постојаниот координатор на ОН и претставник на УНДП, Луиза Винтон и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи оценија дека проектот успешно е завршен, а бенефит ќе имаат жителите на Липково.

– Станува збор за еден од многуте успешни проекти кои се резултат на плодната соработка што Министерството за животна средина и просторно планирање ја има со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во областа на управувањето со водите и ризикот од поплави, изјави министерот Дураки.

Тој рече дека ваквите проекти се приоритет за министерството и најави дека ќе се реализираат и во идниот период, со оглед на ризиците од поплавите со кои се соочуваат бројни населени места во државата.

Постојниот претставник на УНДП, Луиза Винтон истакна дека УНДП ја препознава потребата од воспоставување на систем за интегрирано управување со ризик од поплави и работи на спроведување на сеопфатни студии и планови и одделни проекти за ублажување на ризикот од поплави на територијата на цела држава

– Овој тип инфраструктурни проекти имаат важна улога во директното намалување на ризикот и јакнење на отпорноста. Сепак, обезбедувањето на долгорочна заштита зависи и од институционалното зајакнување и воведувањето на соодветни финансиски инструменти за превенција, изјави Винтон.

Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи, посочи дека проектот ќе обезбеди соодветна заштита од поплави во овој дел од општината. Тој се заблагодари на поддршката на УНДП и Министерството и истакна дека ова е само еден од серијата на инфраструктурни проекти што во последниот период се реализираа на подрачјето наопштината.

Проектот е дел од заедничките напори на Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП, за подобрување на состојбата во државата по однос на заштитата од поплавите во регионите под висок ризик.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари