Заврши шестиот летен камп по веронаука во Бигорски и Рајчица

Од:

Во манастирот „Св. Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир и неговиот метох, манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, заврши шестиот, претполседен летен камп по веронаука.

– Деновиве бевме сведоци на тоа како дружбата во Христа ги зближува луѓето од различни градови. Нашите два манастира повторно беа украсени со детски џагор и насмеани детски очи. Браќата и сестрите на обострано задоволство, им укажаа гостопримство на педесеттина дечиња од Тетово, Куманово и Скопје коишто за првпат имаа можност да се запознаат со убавините на нашите две свештени Обители, изјави сестра Ефимија.

Прекрасно беше, додава таа, да се гледа радоста на нивните лица, да се учествува во нивните чисти молитви вознесени кон Бога, да се чувствува како нивните души се преобразуваат допрени од Божјата љубов.

– Благословот на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, секој ден ги водеше и поткрепуваше низ тајните на ова духовно патување, низ послушанијата, дружбата, литургијата, откривајќи им ја длабочината на Божјата добрина кон нас, неговите деца. Пред испраќање, тој уште еднаш ги посоветува да бидат проповедници на љубовта Божја, апостоли меѓу нивните другарчиња и роднини, на кои, преку добрите дела и радоста, ќе им покажат дека Бог навистина е љубов, посочи сестра Ефимија.

В понеделник почнува семиот, последен летен камп, а манастирски гости ќе бидат четириесеттина деца од Гостивар и од Прилеп. До сега во двата манастира престојуваа над 250 деца од повеќе градови од државава.

Би можело да ве интересира

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

Во Рим проекција на филмот „1000 години – Сведок на Светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир

Ана Ололовска

Филмот „1000 години сведок на светлината“ на Илија Ико Каров утре ќе се емитува во Рим

Ана Ололовска

Бигорски ги објави текстовите на возобновените божиќни и новогодишни каланди

Ана Ололовска

Бигорски манастир со вонредно соопштение за богослужбата за Света Пасха

Ана Ололовска

Делегација од Бигорски, Рајчица и Пречиста на средба со митрополитот г. Тимотеј

Ана Ололовска