Заврши Пописот 2021, затворени апликациите за попишување во земјата и странство

Од:

Апликациите за попишување во земјата и за самопопишување на дијаспората се затворени вечерва во 20 часот, со што завршија пописните активности во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021.

Најголемата статистичка операција по 20 години во земјава траеше 26 дена, од 5 септември до денеска.

Државниот завод за статистика во следните неколку дена треба да ги направи последните проверки и сумирање на податоците, како и технички активности на раздолжување на попишувачите.

Официјалните резултати од пописот ДЗС треба да ги објави најдоцна за шест месеци, односно до крајот на март 2022 година.

Пописот 2021 се спроведе под строги здравствени протоколи и во услови на пандемија на Ковид-19, соглано нова методологија на Евростат и за првпат со комбиниран модел – освен прибирање на податоци директно од населението на терен, се користеа и податоци од таканаречената Претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваа сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.

Би можело да ве интересира

Резултатите од Пописот најдоцна до март

Катерина Павлова-Николовска

Симовски: Пописот заврши успешно, резултатите до крајот на март 2022

А1он

Заев: Тие што одбиваат да се попишат треба да бидат санкционирани

Најголем интерес за Пописот покажале ислениците од Швајцарија, Германија и од Италија

Пописот завршува денеска

Катерина Павлова-Николовска

Владата не разговарала за продолжување на пописот, последниот збор ќе го има ДЗС

Ана Ололовска