Завршен настан на проектите – „Рамковни договори за партнерство“ во Скопје

Од:

На 10 и 11 ноември, регионалниот проект „Техничката поддршка за граѓанските организации“ (ТАКСО), финансиран од Европската Унија, организира завршен настан на проектите – „Рамковни договори за партнерство“ и тоа во Скопје.

Медиумите се поканети на отворањето на конференцијата со почеток во 09:30 часот
во четврток, на 10 ноември, 2016 година, во Скопје Мариот хотел, Плоштад Македонија 7, Скопје или можат да земат изјави во 12.15 часот.

Официјалното отворање на конференцијата ќе биде од страна на Г-ѓа Лиселот Исаксон, раководител на сектор при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, одделение за регионална соработка и програмирање за Западен Балкан и  Г-дин Никола Бертолини, раководител за соработка при Делегација на Европската Унија во Скопје.

Имено, регионалните мрежи на граѓански организации ги завршија своите проекти структурирани како „Рамковни договори за партнерство со Европската комисија“ и конечно во Скопје ќе ги презентираат своите резултати. Претставници од различните организации од Западен Балкан, Турција и ЕУ работеа за заедничките цели во делот на добро владеење и исполнување на политичките критериуми за членство во ЕУ. Целта на настанот е да се разговара за прашањата поврзани со општиот развој на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција и да се генерираат конкретни саморефлективни препораки за понатамошни подобрувања во однос на граѓанските организации (ГО) и мрежите на ГО, но фокусирајќи се врз потребните интерни промени – вредностите, стратегискиот приод, релевантноста, јавниот имиџ и други прашања.

За време на настанот ќе се разговара за актуелните прашања кои го засегнуваат или го загрозуваат граѓанското општество во регионот. Учесниците, исто така, ќе го образложат својот придонес за одредени теми во Западниот Балкан и Турција и ќе ги идентификуваат другите отворени прашања во следните тематски области: животната средина, природните ресурси, енергијата и руралниот развој; управувањето, борбата против корупцијата, јавните набавки и слободата на медиумите, како и социјалниот развој, човековите права, соработката и вклученоста. На конференцијата ќе присуствуваат претставници на овие проекти (ако мислиш дека е попаметно може да ги пишеме и конкретните земји – од Македонија, Турција, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина но и од ЕУ), релевантни клучни претставници од јавните институции и граѓански организации од Западен Балкан и Турција, како и претставници од институциите на ЕУ.

Мисијата на ТАКСО е да се зголемaт и да се подобрат капацитетот и активностите на граѓанските организации, како и нивната демократска улога. Преку активностите за градење на капацитети, поддршката и помагањето, ТАКСО има за цел да го зајакне граѓанското општество и да ја стимулира средината на граѓанско општество и култура.

Општата цел на ТАКСО е да го зајакне граѓанското општество во партиципативната демократија, да ги стимулира средината и културата кон граѓанско општество, да ги зајакне севкупните капацитети и отчетноста на граѓанските организации кои се корисници на ИПА и да ги гарантира квалитетот на услугите на ГО и нивната одржлива улога во демократскиот процес.

За повеќе информации, ве молиме посетете ја www.tacso.org или контактирајте ја Ратка Пемова, PR советник на +389 77 73 46 51 или на e-mail: [email protected] .

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

Орце Костов

Во Охрид започна конференцијата „Евроатланските вредности на Балканот“

Жарко Настоски

Средби на министерката Мизрахи со колеги од Регионот

Драган Поповски

Брегу: Одливот на „мозоци“ е најголем предизвик за Западен Балкан

Процесот на пристапување во ЕУ е инвестиција во мир и безбедност

Успешни практики од ЕУ – инспирација за примена на целите за одржлив развој одржана конференцијата „Глобални цели за локална одржливост“

Ана Ололовска