Средби на министерката Мизрахи со колеги од Регионот

Од:

На маргините на конференцијата „Вработување – Нијанси на сиво во Западен Балкан”, што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средби со министерот за труд и социјална помош од Косово и министерот за труд и социјална помош од Црна Гора Кемал Пуришќ.

На средбите, како што соопшти МТСП, се говорело за унапредување на соработката помеѓу министерствата на повеќе полиња што ќе донесе подобри животни услови за граѓаните на тие држави.

Министерката Мизрахи истакнала дека во Македонија има простор за унапредување на политиката за вработување и максимален напор на државните институции во обезбедувањето фер и пристојни услови за развој.

Тие споделиле ставови и гледишта околу одредени теми кои се во заеднички интерес на државите.

Конференцијата е во рамките на ИПА регионалниот проект “Платформа за вработување и социјални прашања 2 – ЕСАП 2“.

Би можело да ве интересира

Мизрахи испрати допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија до Обвинителството

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

Орце Костов

(ВИДЕО) Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено

Горан Наумовски

Мизрахи: Првата седница на Анкетната комисија за Оонкологија закажана за утре

Рашела Мизрахи предложена за претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Горан Наумовски

Кузеска: Кој е ставот на Мизрахи по признанието на Мицкоски за континутитет со Ванчо Михајлов