Завршен коловозот на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4

Од:

Со ноќното бележење на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4, завршена е реконструкцијта на коловозот на потегот од крстосница со булевар „Илинден“ до крстосницата со булеварот „Партизански одреди“. Во текот на градежните работи извршена е реконструкција на коловозот по целата должина на улицата од околу 580 метри, како и нивелација на постојните шахти и сливници, информира Град Скопје.

Екипите на Градот од денеска ќе ја почнат и изградбата на третиот конектор помеѓу главните велосипедски рути на булеварот „Илинден“ и булеварот „Партизански одреди“.

Реконструкциите на градските сообраќајници станаа еден од приоритетите на Град Скопје и како што велат, се завршуваат во рекордно кратки рокови.

Би можело да ве интересира

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

ЦГК: По две поништени постапки, „Икарус“ и „Зонгтонг“ од конкуренти станаа партнери за набавката на електрични автобуси

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош