Затворено кафулето во Тетово каде гостин се преставуваше како советник на Заев и ги бркаше инспекторите

Од:

Пазарните инспектори го пломбираа кафулето во Тетово, каде претходно беа навредувани од гостин кој се претстави како советник на премиерот Зоран Заев и беше приведен. Сопственикот на објектот, ќе заработи и парична казна, бидејќи работел прекувремено, спротивно на законите.

За објектот да биде целосно затворен, на инспекторите им требаа пет дена бидејќи велат дека мора да се запазат сите процедури. Ова е второ кафуле во Тетово, кое е затворено во неколку денови.

„Објектот работел прекувремено. Инспекторите постапиле, па биле навредувани и избркани од гостин, кој пак, се претставил како советник на премиерот Заев. Тие го напуштиле објектот, повикале полиција, а службениците го привеле лицето и го задржале во станица. Потоа, инспекторите постапиле и направиле записник. Следува и пријава за сопствениците. Инаку тие го гледале инцидентот но не реагирале, ниту повикале полиција“, вели директорот Стојко Пауновски за „А1он“.

Пауновски смета дека не е целта да се поднесуваат пријави, туку да се спроведуваат законите, заедно со протоколите за заштита од коронавирусот. Тој вели дека инспекторите се постојано навредувани и пцуени, но секогаш, постапуваат од крај, без разлика на притисоците.

Би можело да ве интересира

Oпштинските инспекциски служби немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, а немаат и возила или компјутери

Горан Наумовски

Анета Симеска Димоска именувана за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат

Жарко Настоски

Заев за разрешувањето на Пауновски: Непочитувањето на етичкиот кодекс и инаетењето по медиуми не е одлика на добар директор

Габриела Димковиќ-Мишевска

Пауновски: Одбраната на интегритетот и професионалноста на институцијата не наидоа на разбирање од премиерот

Жарко Настоски

Владата го разреши Стојко Пауновски поради „непрофесионално однесување“

Жарко Настоски

Заев не се откажува од разрешувањето на Пауновски: Каква и да е одлуката, соработката ќе продолжи

Кристијан Ландов