Пауновски: Одбраната на интегритетот и професионалноста на институцијата не наидоа на разбирање од премиерот

Од:

Разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, преку Фејсбук им се заблагодари на граѓаните кои го поддржаа во спротивставувањето со премиерот Зоран Заев околу рамковните вработувања.

„Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција. Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот,“ вели Пауновски.

„При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен. Горд сум на се што направивме заедно! Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав“, напиша Стојко Пауновски на Фејсбук.

Тој на денешната владина седница беше разрешен, откако одби да вработи дел од административците испратени во ДПИ преку Министерството за политички систем, велејќи дека му се потребни инспектори, а не административци за кои нема ни место, ни работа во Инспекторатот.

Би можело да ве интересира

Во склад на компанијата „Евротим“ имало неквалитетен мазут, државата ѝ забрани да го продава

Жарко Настоски

Анета Симеска Димоска именувана за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат

Жарко Настоски

Заев за разрешувањето на Пауновски: Непочитувањето на етичкиот кодекс и инаетењето по медиуми не е одлика на добар директор

Габриела Димковиќ-Мишевска

Владата го разреши Стојко Пауновски поради „непрофесионално однесување“

Жарко Настоски

Заев не се откажува од разрешувањето на Пауновски: Каква и да е одлуката, соработката ќе продолжи

Кристијан Ландов

Заев утре ќе се сретне со пазарните инспектори кои бараат да не им го менува директорот

Жарко Настоски