Лице кое во моментов е на издржување на затворска казна попладнево било на распит во Специјалното јавно обвинителство, потврди за „Мета“, портпаролката на СЈО, Ленче Ристовска.
Доцна попладнево на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, пред зградата каде се сместени канцелариите на Катица Јанева, беа паркирани неколку полициски возила.
– Не станува збор за ништо страшно. Денеска на распит во Специјалното јавно обвинителство беше донесено лице кое во моментво е на издржување на затворска казна, кое беше спроведено на стандарден начин со полициска придружба – изјави Ристовска за „Мета“.
Осуденикот, чиј идентитет не се открива, беше донесен со посебно полициско возило, придружувано од полициски екипи во неколку џипови кои чекаа на булеварот пред Специјалното јавно обвинителство.