Затвореник и негов другар ограбувале низ Скопје

Од:

Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Карпош при СВР Скопје расчистија три кривични дела „разбојништво“ сторени на подрачјето на Скопје. На 4.8.2022 од слобода беа лишени Ш.И.(31) од с.Грчец, скопско и Л.Ј.(23) од с.Крушопек, скопско, откако со закана со огнено оружје одзедоа пари и повеќе предмети од продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје.

Во службен разговор во полициска станица тие признале уште две дела кои ги сториле на 29.7.2022 и 1.8.2022 во Скопје. На 29.7.2022 во 22.23 часот во продажен објект на ул.„Козле“ со закана кон вработените одзеле пари и предмети, a на 1.8.2022 во финансиско друштво на ул.„Ѓорче Петров“ со закана одзеле пари.

По документирање на случаите, Ш.И. бил пренесен во Казнено-поравната установа Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор од околу 7 години, од каде претходно бил во бегство. Додека, пак на лицето Л.Ј. му е поднесена кривицна пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Приведени две лица во Тетовско, украле пари од казино

Ограбена е менувачница во Чаир

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Обвинителството: Уапсените затворски полицајци пуштиле осуден за убиство да побегне додека се лекувал во болница

Орце Костов

Спектакуларно бегство на затворен од САД

30 милиони долари украдени во историски грабеж во Лос Анџелес