Затворени две обложувалници во Тетовско

Од:

Две обложувалници во Тетовско се затворени, а една што требало да биде контролирана не работела, откако вчера полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово во координација и содејство со Управата за јавни приходи спровеле акциска контрола во три спортски обложувалници, една во Тетово и две во Сараќино, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

При акцијата било утврдено дека две од трите обложувалници опфатени со контролата приредувале игри на среќа спротивно на Законот за игри на среќа ( член 156 ) додека третата била затворена. Констатираните недостатоци во обложувалниците санкционирани се со парична глоба од 1.000 евра и времено затворање во траење од 30 дена. Покрај тоа од двете обложувалници одземени се 9 разни видови телевизори, 4 компјутери, исто толку монитори, 6 печатачи и над 13 илјади денари, информира Јосифовски.

Тој посочи дека во рамките на континуираните активности на СВР Тетово за спречување и соодветно законско санкционирање на нелегалното функционирање на спортските обложувалниците во Полог во мај, јуни и јули годинава со заеднички акциски контроли на полицијата со УЈП биле опфатени вкупно 20 спортски обложувалници  лоцирани на различни места од кои биле одземени 50 телевизори, 40 компјутери, исто толку печатачи и друг вид наменска опрема.

Би можело да ве интересира

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Приведен Стефан Богоев и повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание, положба и углед за стекнување имотна корист од големи размери

Предраг Петровиќ

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

УЈП испрати над 860 илјади граѓани добија пополнети годишни даночни пријави, рокот за проверка е до 31 мај

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово