Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови

Од:

МВР информира дека денеска, во периодот од 08.00 до 20.00 часот, на територијата на СВР Велес е спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 77 возачи.

„Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 18 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 59 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, известуваат од МВР.

Оттаму потенцираат дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. Контроли денеска имаше и во Битола, Штип и Тетово.

„На територијата на СВР Битола спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 61 возач. Од нив 30 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 31 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, велат од МВР.

На територија на СВР Штип санционирани се 70 возачи. Од нив 32 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

При контролата на територија на СВР Тетово биле откриени и санкционирани вкупно 106 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, претежно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

„Од нив 13 возачи (ТЕ-5 и ГВ-8) ја пречекориле брзината за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 58 возачи (ТЕ-36 и ГВ-22) за повеќе од 50 километри на час над дозволеното.

Покрај ова, санкционирани се и 60 возачи (ТЕ-40 и ГВ-20) што се движеле со поголема брзина од дозволената во населено место. Двајца од санкционираните (ТЕ) возеле со над 50 километри час повеќе од дозволеното, а откриени се и 6 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-3)“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Син нападна мајка во Велес

А1он

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он