Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

Од:

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, вешто лице и увидни екипи на МВР извршија увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа на општинскиот пат Илинден – Миладиновци, кај полициската база Брест која се наоѓа во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје.

Од ОЈО информираат дека „несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога автомобил „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен кумановец се судрил директно со автомобил „хјундаи и30“ управуван од 51-годишен жител на Марино.

Во несреќата на лице место починале возачот на возилото „хјундаи“ и неговиот 18-годишен син, додека потешко повредена е и 18-годишната ќерка.

Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „корсата“ и неговиот сопатник на иста возраст, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.

Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на двете починати лица.

Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри