ВИДЕО: Започна поставувањето на бројчаникот на Порта Македонија

Од:

Според неофицијални информации, вечерва со помош на механизација, службите го поставуваат бројчаникот на Порта Македонија, кој актуелниот премиер Зоран Заев го вети во предизборието за предвремените парламентарни избори.

Премиерот денеска уште еднаш го најави ваквиот зафат, иако не прецизираше кога точно ќе биде изведен истиот и рече дека тоа би се случило наскоро.

Вечерва работници придружувани од полициско обезбедување заваруваат и бушат на градбата која е дел од проектот „Скопје 2014“.

Припадниците на полицијата околу Порта Македонија велат дека не знаат какви точно активности се вршат во моментов, но ги пренасочуваат граѓаните кои минуваат под портата поради поголема безбедност.

Според предизборното ветување на Заев, украдените народни пари ќе бидат вратени назад во државната каса, а бројчаникот на Порта Македонија ќе го регистрира тековниот биланс.

 

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски