Започна организацијата на еколошката акција „Чисти ме“ со „Не биди ѓубре’“

Од:

Формиран е штаб за организација на акцијата за чистење најавена за 14. следниот месец (сабота) на повеќе од 20 локации во околината на Скопје со учество на 40 000 вработени во јавниот сектор. Како што одлучи Владата, со акцијата ќе се надомести одработувањето за 2-ри јануари.

Штабот денеска го одржал првиот состанок на кој се дефинирани дел од деталите, а делегирани се и надлежности за сите членови во штабот. Во текот на следната недела ќе бидат објавени сите локации, како и која институција, каде ќе чисти. Министрите, директорите и раководителите на институциите ќе бидат одговорни за спроведување на акцијата од страна на своите вработени, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Со штабот за организација на акцијата, која што ќе се спроведува со поддршка на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, ќе раководи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Во штабот членуваат и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, како и директорите на Дирекција за заштита и спасување, Аднан Џафероски, на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку и на Македонија пат, Беким Мемеди, и Марјан Забрчанец од Канцеларијата на Премиерот.

Дел од потребната опрема за успешно спроведување на акцијата, ќе биде обезбедена со поддршка на Канцеларијата на Европската Унија во Скопје, а механизацијата и потребниот алат ќе биде обезбеден од институциите кои го поседуваат.

Повик за приклучување кон еколошката акција, ќе биде испратен и до локалната самоуправа и институциите на општините.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска