ВИДЕО: Запленети околу четири и пол килограми хероин и околу килограм кокаин, приведен дилер

Од:

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи по претходна судска наредба, при претрес во дом и други простории на Е.М. (27) од Синѓелиќ, Скопје, во специјално направени бункери се пронајдени околу четири ипол килограми хероин, спакувани во повеќе пакувања со различна големина и околу еден килограм кокаин, исто така распределен во повеќе пакувања, наменети за продажба.

Од МВР денеска соопштија дека за Е.М. имало сознанија дека се занимава со купопродажба на хероин и кокаин на подрачјето на Скопје и во градови во источниот дел од државата.

– При претресот се пронајдени и пиштол магнум 357, пиштол ХС и пакувања со околу 200 куршуми. Е.М. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство, се наведува во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи, се додава во соопштението, продолжува и во наредниот период со континуирани активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и на другите видови криминал.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он