А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Запленети околу 17 килограми марихуана

by А1он03/03/2013 - 13:4903/03/2013 - 13:49148
Share0

Околу 17 килограми марихуана, транспортирана во патничко моторно возило, се запленети на влез во Скопје, на наплатната рампа „Петровец“.

Добивај вести на вибер

Марихуаната, како што соопшти денеска МВР, е запленета завчера околу еден часот, по претходна дојава, а била транспортирана на релација  Струмица –  Скопје и наменета за домашниот нарко пазар. Возилото „дачиа“ со струмички регистерски ознаки, било управувано од С.С. од Струмица.

– По претходно обезбедена наредба од истражен судија извршен е преглед на возилото и во багажниот простор пронајдена е една полиетиленска вреќа во која имало 17 пакувања со неправилна правоаголна форма облепени со селотејп лента исполнети со околу 17 килограми марихуана, поради  што С.С. е лишен од слобода. Подоцна, околу два часот, од слобода е лишено и лицето Д.Т. од Струмица, организатор на транспортот, кој со возило „цитроен Пикасо“ се движел пред возилото „дачиа“ со кое била транспортирана марихуаната и имал улога на „чистач“, се наведува во соопштението од МВР.

Пронајдената марихуана е предадена во Одделот за криминалистичка техника при МВР, заради вештачење и утврдување на точната количина и квалитет. Инаку, како што истакнуваат од МВР, марихуаната при продажба на големо  би достигнала цена од околу 17.000 евра, додека на мало на наркопазарите  би изнесувала над 50.000 евра.

Против двајцата струмичани, С.С.(22) и Т.Д.(28), поднесена е кривична пријава поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, а истражен судија им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Се преземаат и дополнителни мерки и активности заради утврдување и кривично правно санкционирање и на други инволвирани лица.

droga

Би можело да ве интересира

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Горан Наумовски05/01/2026 - 07:52

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 20:02

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата

Горан Наумовски02/01/2026 - 19:45

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он19/12/2025 - 17:55

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

Горан Наумовски10/12/2025 - 17:00

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски08/12/2025 - 14:2308/12/2025 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен