Запален автомобил во Карпош 4

Од:

Насилно отворен и опожарен автомобил ноќеска во Карпош 4. Настанот утрово во полиција го пријавил сопственикот на возилото, кој кажал дека го паркирал некаде околу полноќ, а утрово го затекнал изгорен. Од огнот причинета е материјална штета, а неофицијално оштетени се седишта, контролната табла на возилото, прозорците. Настанот го потврдуваат и од полицијата.

„Според пријавеното, тој забележал дека прозорецот од совозачката страна бил насилно отворен и била запалена внатрешноста на возилото, која била делумно оштетена. Огнот се изгаснал сам“, велат од МВР.

Оттаму нема информации дали на полицијата и е познат сторителот кој го запалил автомобилот, како и причината, туку додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов