Законот за иднината на СЈО в четврток на седница на собраниската Комисија за европски прашања

Од:

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби за в четврток ја закажа седницата на која ќе се расправа по Предлогот на закон за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

– Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, во текот на денешниот ден имаше консултации со координаторите на пратеничките групи и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во врска со двата клучни закони, Предлогот на закон за јавното обвинителство и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија,кои што треба да бидат разгледани на Комисијата за европски прашања. По оддржаните консултации г. Груби одлучи да ја закаже седницата на Комисијата за европски прашања в четврток, на 29 август 2019 година со почеток во 11:00 часот, информираат од Комисијата за европски прашања.

Претходно денеска Собранието на пленарна седница одлучи да се носи по скратена постапка Предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. За предлогот гласаа 57 пратеници. По оваа одлука на Собранието, овие закони треба се разгледаат на седници на работните тела.

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство за Предлог-зкаонот за јавно обвинителство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив се измени во Законот за советот на јавни обвинители кој се носи со 61 глас.

Во изјава за медиумите дадена по изгласувањето на потребата од донесување на овој закон по скратена постапка, Дескоска повтори дека главен камен на сопнување меѓу власта и опозицијата останува статусот на предметите шти ги води СЈО.

Би можело да ве интересира

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

На пленарна седница законските измени за реорганизација на министерствата

A1on

Изгласан законот за нефер трговски практики: Рабатот кај земјоделските производи ќе биде 10 отсто

A1on

Има 20 потписи за свикување итна седница, денес може да се изгласаат измени за возачките и личните карти

A1on

(ВИДЕО) Каевски: СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките, сообраќајните и осигурителните полиси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стоименов: Ќе бараме отштета, плативме лиценци за повеќе години, а сега не затвораат

Александар Тодески