Закана со пиштол за гостиварец и неговата сопруга

Од:

Непознато лице вчера околу 23:30 часот со пиштол му се заканило на Е.С. (25) од Гостивар и на неговата сопруга по што испукало еден куршум во воздух и побегнало во непознат правец.

Како што информира МВР, додека ЕС бил паркиран покрај патот Тумчевиште-Чегране со своето возило „БМВ“, во кое се наоѓала и неговата сопруга, до нив застанало друго возило „БМВ“. Од возилото излегло непознато лице, му се заканило по живот, а од него и неговата сопруга побарало да излезат од возилото. Тогаш извадило пиштол и испукало еден куршум во воздух, по што со неговото возило побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов